Балкан

Позната причината за смртта на 77-годишниот маж, кој почина додека чекаше да купи масло

Позната причината за смртта на 77-годишниот маж, кој почина додека чекаше да купи масло

Пред хипермаркетите низ Бугарија во текот на вчерашниот ден имаше долги редици по повод промоција на масло за јадење по цена од 2,99 лева (околу 94 денари).

Во многу продавници имаше турканици, па дури и тепачки, а на едно место почина 77-годишен маж додека чекал да дојде ред.

Причината за неговата смрт сега е позната. Судска медицина за bTV изјави дека мажот починал од тромбоемболија, блокада на крвните садови во срцето и белите дробови.

Денеска пред маркетите е мирни, и нема гужви.

Брендот за масло, чија промоција предизвика редици и хистерија, го нема на полиците, а во две продавници во Бургас маслото целосно го нема на полиците, без разлика на цената.

Вицепремиерката Корнелија Нинова свика итен состанок со производителите на жито. И најави дека нема причина за тензија.

По тензиите на нафтата низ целата земја, државата и производителите се собраа да разговараат за пазарните цени. Министерката за економија Корнелија Нинова беше децидна дека масло има и нема опасност од недостиг.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни