Дописникот на Би-Би-Си од Киев разговараше со свештеник од Мариупол кој минатата недела успеа да побегне од опколениот град.
Отец Павел Помашевски во изјава истакна дека бил сведок на бедата, страдањето и темнината што ги преживеал опколениот град.
„Не бомбардираа без престан, дење и ноќе. Беше невозможно да се спие или да се седи. Нешто свиркаше и експлодираше, млазниците ечеа над нас и фрлаа бомби, тие гранатираа со проектили“, вели тој.
На 5 март за прв пат беше најавен хуманитарен коридор. Но, колоната со евакуирани никогаш не го напуштила градот додека руските власти го обновиле гранатирањето на Мариупол.
Отец Павел успеа да излезе од градот непосредно пред да започне бомбардирањето. Тој бил во колона приватни автомобили кои тргнале рано наутро.
На еден од руските контролни пунктови, сепак, биле запрени и им било кажано дека не смее да помине ниту еден маж.
„Не знаевме дали ќе пукаат во нас или не“, рече тој и додава „Беше многу страшно. Мислевме дека тоа е нашиот крај“.
Но тогаш руските војници им дозволиле да преноќат во блиското село. Колоната од околу 100 автомобили се упатила кон местото. Следното утро, некои локални возачи понудија поинаков пат да го заобиколат рускиот контролен пункт за да стигнат до територијата контролирана од Украина. Тие решиле да ризикуваат.
„На нашиот пат, видовме некои ужасни сцени од неодамнешните битки. Имаше загинати руски војници покрај патот. Поминавме неколку руски контролни пунктови. На едно место ни ги вперија автоматите мислејќи дека сме украински војници“, додава тој.
Сè уште не разбира зошто Русите ги пуштиле да поминат, но вели дека кога стигнале до украинскиот контролен пункт, сите биле полни со радост.