Министерот за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ денеска се обрати на прес конференција по повод падот на советскиот дрон.
Тој презентираше нови податоци за истрагата на околностите во кои се урна беспилотниот авион Ту-141 во Загреб.
„Добивме информација дека на одредени фрагменти се пронајдени елементи од експлозив, рече Баножиќ, потврдувајќи дека е пронајдена и црна кутија.
Тој додава дека леталото не било од извидувачки тип, односно на него пронашле делови од воздушна бомба, исто така од советско производство.
„Земено е и по подлабока анализа ќе можеме да го откриеме типот, засега знаеме дека е користен на авиони од советско производство. Имаме и некои информации кои можат да доведат до дилема за локацијата од каде авионот дошол во Хрватска, а имаме и елементи кои би можеле да укажат дека тоа може да биде и од руска и од украинска страна. Истрагата ќе потрае“, рече тој.