Свет

Уништен брод на руската морнарица на јужното пристаниште, објави украинската војска

Уништен брод на руската морнарица на јужното пристаниште, објави украинската војска

Украинската војска соопшти дека голем руски брод е уништен во близина на јужниот пристанишен град Бердјанск.

Во објава на Фејсбук, морнарицата на Украина вели дека голем десантен брод – „Орск“ – бил погоден и запален во Азовското Море утрово.

„Големиот десантен брод Орск на Црноморската флота на окупаторите е уништен во пристаништето Бердјанск заробено од Русија“, се вели во објавата.

Украинските медиуми јавуваат дека еден руски брод потонал, а уште два се во пламен, а погодени се и складиште за муниција и складиште за гориво.

Русија го зазеде Бердјанск пред неколку недели и го користи пристаништето за полнење гориво. Се наоѓа помеѓу Крим и опколениот град Мариупол.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни