Македонија

Обвинителството истражува: Како доктори-мртвопроверители дозволиле убиените жени од Старо Нагоричане да се закопаат без обдукција?

Обвинителството истражува: Како доктори-мртвопроверители дозволиле убиените жени од Старо Нагоричане да се закопаат без обдукција?

Судот го прогласи за виновен за еден од најтешките злосторнички случаи во поновата историја на земјава. Обвинителството отвори истрага и за мртвопроверителите кои ги пропуштиле убиствата.

Серискиот убиец Трајко Бојковски е осуден на доживотна казна затвор откако беше прогласен за виновен за четири убиства и два обиди за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане, извршени во периодот од почетокот на 2025 до февруари 2026 година.

Според деталите од пресудата, Бојковски со месеци ги демнел и ги напаѓал жртвите, по што ги убивал и ги силувал. Претседавачот со судечкиот совет истакна дека станува збор за еден од најсериозните и најгрозоморните случаи во поновата историја на македонското судство.

Основното јавно обвинителство изрази задоволство од донесената пресуда.

Веднаш по изрекувањето на одлуката, Бојковски под силно полициско обезбедување беше вратен во притвор. Тој има законски рок од 15 дена да поднесе жалба на одлуката пред таа да стане правосилна.

Паралелна истрага за лекарите кои ги потпишале смртните случаи

Во меѓувреме, Обвинителството продолжува со прибирање податоци за двајца доктори – мртвопроверители од Куманово.

Постојат сомнежи за пропусти во нивната работа, бидејќи првично никој од нив не утврдил дека жртвите биле убиени и силувани, па жените биле закопувани без претходно извршена обдукција и без известување на дежурен јавен обвинител.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни