Македонија

Тошковски: Заштитата на културното наследство е и безбедносно прашање, ги зајакнуваме мерките против кражби

Тошковски: Заштитата на културното наследство е и безбедносно прашање, ги зајакнуваме мерките против кражби

По зачестените кражби на вредни артефакти во европските музеи, МВР и институциите ја интензивираат соработката за заштита на македонското историско и археолошко богатство.

Заштитата на културното и историското наследство не е само прашање од областа на културата, туку и висок безбедносен приоритет што бара постојана будност и превенција, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за време на денешната посета на Археолошкиот музеј во Скопје.

Поводот за средбата се неодамнешните кражби на вредни историски и археолошки предмети од музеи низ повеќе европски земји, кои ја алармираа јавноста и укажаа на потребата од итно навремено преземање превентивни мерки за заштита на музејските експонати.

За време на посетата, раководството на музејот и министерот ги разгледаа можностите за дополнително унапредување на институционалната соработка и зајакнување на физичката и техничката безбедност на културните добра во земјава.

„Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство, кое сведочи за долгата и разновидна историја на овие простори. Секој археолошки предмет и историски артефакт е дел од нашата колективна меморија и културен идентитет — богатство кое имаме обврска соодветно да го зачуваме за идните генерации“, истакна Тошковски.

Тој додаде дека спречувањето на кражбите, илегалната трговија со артефакти и сите останати облици на загрозување на културните добра бараат системска превенција и координирано дејствување на сите надлежни институции.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни