НАТО ја повика Русија „веднаш“ да ја прекине војната
Во заедничката изјава издадена од лидерите на НАТО се вели дека преземаат мерки за обезбедување на безбедноста и одбраната на сојузниците „во сите домени и со пристап од 360 степени“.
„Ја зголемуваме отпорноста на нашите општества и нашата инфраструктура за да се спротивставиме на злонамерното влијание на Русија“, се додава во соопштението, вклучително и против сајбер-нападите.
Лидерите го пофалија народот на Украина, за кој велат дека „го инспирирале светот со херојски отпор кон бруталната војна на Русија“.
Во соопштението се бара од рускиот претседател Владимир Путин „веднаш да ја запре оваа војна и да ги повлече воените сили од Украина“.
Тие ја повикаа и Белорусија „да стави крај на своето соучесништво“ во руската инвазија.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни