Свет

Градоначалникот на Чернихив вели дека градот е целосно уништен

Градоначалникот на Чернихив вели дека градот е целосно уништен

Градоначалникот на Чернихив изјави дека овој северен украински град е уништен од страна на руските војници, јави ДПА.

– Градот е целосно уништен, рече денеска Владислав Атрошенко, додавајќи дека во изминатите неколку недели убиени се над 200 цивили.

Градот, кој се наоѓа во близина на границата на Украина со Русија и Белорусија, сега има само половина од вообичаените 285.000 жители, рече тој.

Атрошенко ги опиша моменталните услови во градот како катастрофални. Чернихив беше без струја, рече тој, и беше невозможно да се воспостават коридори за бегство бидејќи руските сили го уништија мостот што води кон Киев. Сепак, градот нема да се предаде, вети Астрошенко.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни