Македонија

161 прекршок при контролите на велосипедисти, моторџии и возачи на тротинети

161 прекршок при контролите на велосипедисти, моторџии и возачи на тротинети

Вкупно 161 прекршок констатирало Министерството за внатрешни работи при зајакнатите контроли на возачите на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, спроведени на целата територија на државата. Во рамки на акцијата биле поднесени и осум кривични пријави, а регистрирани се и 493 прекршоци од друг вид.

Контролите биле спроведени на 8 октомври, во периодот од 11 до 17 часот, од страна на Секторот за сообраќајни работи при МВР. Покрај велосипедите и лесните електрични возила, полициските службеници контролирале и велосипеди со помошен мотор, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

Најголем број прекршоци биле откриени на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола, каде што биле евидентирани 44. Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата регистрирала 28 прекршоци, додека на подрачјата на СВР Велес и СВР Струмица биле констатирани по 22 прекршоци.

Од МВР информираат дека за утврдените неправилности биле преземени соодветни мерки согласно законските прописи. Во рамки на акцијата биле поднесени и осум кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Од Министерството најавуваат дека ќе продолжат со зајакнати сообраќајни контроли низ државата, со цел зголемување на безбедноста и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни