Свет

Данска го опиша „антивладиниот екстремизам“ поврзан со епидемијата како закана

Данска го опиша „антивладиниот екстремизам“ поврзан со епидемијата како закана

Данска за прв пат го опиша „антивладиниот екстремизам“ поврзан со појавата на КОВИД-19 како „закана“.

Данската безбедносна и разузнавачка служба (ПЕТ) во соопштение рече дека антивладиниот екстремизам поврзан со епидемијата ја направи ситуацијата „покомплицирана“, иако тоа не е „значаен двигател за терористичката закана“ во земјата.

Во соопштението, во кое антивладиниот екстремизам поврзан со епидемијата за првпат беше изразен како закана, беше посочено дека заканата за употреба на насилство врз власта се појавила во врска со појавата на Ковид-19.

Мајкл Хаман, раководител на Центарот за анализа на тероризмот на ПЕТ, рече дека огромното мнозинство од случаите каде што властите биле силно критикувани за справувањето со епидемијата, се случиле мирно.

Хаман истакна дека таквите критики се изразени во форма на „закани и заплашувања“ во Данска и „планирање или извршување на дејствија на вистинско насилство“ во странство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни