Македонија

Герасимовски: Со фиктивни адреси се запишувале деца во училиштата во Центар – сега бараме и имотен лист

Герасимовски: Со фиктивни адреси се запишувале деца во училиштата во Центар – сега бараме и имотен лист

Општина Центар вовела построги правила за упис во основните училишта и градинките, откако во минатото биле забележани случаи на користење фиктивни адреси за добивање место во образовните установи.

Градоначалникот Горан Герасимовски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ истакна дека дел од родителите се обидувале да прикажат дека живеат на територијата на Центар за нивните деца да добијат предност при уписот.

Според него, во одредени случаи адресата наведена во личната карта не била доволен доказ за реалното место на живеење.

„Се соочувавме со фиктивни адреси. Сега со новиот правилник потребен е и имотен лист“, посочи Герасимовски.

Тој објасни дека целта на изменетите правила е да се обезбеди правичен упис и да се спречат злоупотребите на адресните податоци.

Герасимовски нагласи дека во училиштата кои се наоѓаат на границите со соседните општини постои можност за прием и на деца од други делови на Скопје, особено кога има слободни капацитети.

Сепак, во училиштата со поголем интерес за упис, како „Киро Глигоров“ и „Коле Неделковски“, приоритетот на децата од Центар мора да се почитува.

Според градоначалникот, општината има обврска да обезбеди места за своите жители, но истовремено да овозможи рационално искористување на образовните капацитети.

Тој посочи дека правилниците се подготвуваат во соработка со советниците, со цел да се воспостават јасни критериуми и еднаков третман на родителите.

Герасимовски порача дека контролата на документите при уписот ќе продолжи, за да се спречат манипулациите и да се обезбеди транспарентна постапка за прием на децата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни