Само 3.504 граѓани се изјасниле како Бугари
Денеска објавените резултати од спроведениот попис на населението покажуваат дека само 3.504 лица од Македонија се изјасниле како Бугари.
Се работи за 0,19 отсто од населението во Македонија, додека пак дека бугарскиот им е мајчин јазик на пописот пријавиле 1.519 граѓани, што е 0,08 отсто од населението во земјата.
Вкупното попишано население изнесува изнесува 2.097.319 лица.
Од нив, 54,21 отсто се изјасниле како Македонци, 29,52 се Албанци, 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни