Она што сега го истражуваме на многу места и работи САНС е многу сериозна руска шпионска дијаспора која е формирана во Бугарија и која гледаме дека работи во многу различни интереси. Ова пред новинарите го изјави премиерот на Бугарија, Кирил Петков.
Претходно денеска контраразузнавачите и специјалните обвинители влегоа во САНС и почнаа да ги претресуваат канцелариите на службениците, со неофицијални информации дека се истражува шпионажа во корист на Русија.
„Некои од работите што ми ги пријавија се дека има руски агенти кои работеле против нашето разбирање со Северна Македонија и дека нема европска иднина за Западен Балкан“, рече Петков.