Свет

Белата куќа со нови санкции против Москва: Војната е стратешка катастрофа за Путин

Војната во Украина е „стратешка катастрофа за Русија“ и „стратешки неуспех за Путин“, изјави портапролката на Белата куќа, Кејт Бедингфилд.

Таа рече дека постојат „несоборливи докази“ дека војната што трае повеќе од месец дена не го постигнала она што го посакувал рускиот претседател Владимир Путин поради што сега Кремљ се обидува да ги „редефинира “ почетните цели.

„Применетите санкции нанасуваат енормни трошоци на руското стопанство“, тврди Бедингфилд, која најави дополнителни санкции против руските компании што ја овозможиле војната.

„Ќе ги попречиме да набавуваат западна технологија и да ги избегнат санкциите. Исто така, ќе ги прошириме санкциите на други сектори на руското стопанство што се од важност за Путин, вклучувајќи ги областите на воздухопловството, поморскиот сообраќај и електрониката, додава таа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни