Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Во Скопје, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
10.10.2026: Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат со поројни и пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
11.10.2026: Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
12.10.2026: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Под влијание на циклонска активност, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.