Македонија

Богојески: До каде сме со апсењето на руски шпиуни во Македонија?

Богојески: До каде сме со апсењето на руски шпиуни во Македонија?

Петар Богојески на друштвената мрежа Фејсбук прашува до каде е Македонија со апсењето на руските шпиуни?

„Тие ќе продолжат да роварат во земјава… има неколкумина од нив на највисоки позиции во две министерства од областа на безбедноста! Ајде на ред е Македонија да апси и да тргне работата!“, пишува Богојески на Фејсбук.

Вчера бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за БТВ рече дека двајца вработени во Агенцијата за национална безбеност на Бугарија работеле во корист на Русија и правеле се само за да Македонија и Бугарија немаат добри односи.

И премиерот на Македонија Димитар Ковачевски вчера во интервју за 360 степени рече дека во земјава има поединци и групи кои се маргинализирани, а рече дека има и политичка партија која работи со цел Македонија да не влезе во ЕУ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни