Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, ги спореди доказите за убиства на цивили во близина на главниот град на Украина со сцени од хорор филм.
„Работите што сега ги гледаме во Ирпин и Буча – тоа се хорор сцени. За жал, тие не доаѓаат од филмови. Ова е реалност. Ова е ужасна реалност кога гледаме цивили со врзани раце зад грб. Не разбирам ниту еден човек кој би можел да го направи ова. Но, убеден сум дека истите сцени се многубројни во многу други украински градови. Агресорот мора да плати за ова – да плати висока цена за животот на илјадници Украинци. Нема да го простиме она што им е направено на нашите градови и на нашите жители“, вели тој.