Македонија

Русковска за Зекири: Знаеме каде завршиле парите, Хрватите не се во земјава!

Русковска за Зекири: Знаеме каде завршиле парите, Хрватите не се во земјава!

Обвинителката Вилма Русковска во изјава за „Слободен печат“ истакна дека предметот за проневера против генсекот на Владата, Мухамед Зекири, и уште двајца хрватски државјани, Обвинителството за организиран криминал го добило во втората половина на 2021 година.

Според неа, од тогаш надлежниот обвинител издал повеќе наредби за собирање на докази и во текот на вчерашниот ден пристигнало и последното известување.

„Надлежниот обвинител донесе наредба за спроведување истрага и предлог за определување мерка притвор за осомничените. По таа мерка, Судот ќе одреди како ќе постапува понатаму“, додава Русковска.

Тие располагаат со податоци за тоа каде се парите, додека пак двајцата осомничени хрватски државјани не се наоѓаат во земјава.

„Ние ќе стапиме во контакт со колегите од Хрватска, ќе ги доставиме доказите до нив, па доколку се согласат да го преземат гонењето, нивното понатамошно процесуирање ќе биде во Хрватска“ порача Русковска за „Слободен печат“

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни