Македонија

Судот одреди притвор за Мухамед Зекири

Судија на претходна постапка доцна вечерва донесе решение одреди притвор за Мухамед Зеќири (екс) генерален секретар на Влададта, откако Обивнителството вчера доставило предлог за притвор.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против едно лице за кое постојат основани сомненија за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, судија на претходна постапка по произнесување на надлежниот обвинител и осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот, а притоа ценејќи ги сите факти приложени во предлогот, донесе решени со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1,2 и 3 од ЗКП. Како што и претходно информираше судот, судијата на претходна постапка по добивање на предлогот на Јавниот обвинител, во Законски утврдениот рок издаде наредба до надлежната ПС за спровод на осомничениот, но во текот на денот истиот самиот се пријави во судот да се произнесе во однос на предлогот“, се вели во одлуката од Судот.

Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на

Според информациите, Обвинителството не докажало дека осомничениот може да се даде во бегство, а и обвинителката Катерина Коларевиќ во изјава за медиумите по завршување на рочиштето рече дека имаат само сомнеж, но не и доказ дека лицето може да се даде во бегство.

Инаку, порадно во текот на денот, Судот донесе и одлука стражарно Зеќири да биде спроведен откако подолг временскио период тој сам не се појави во судот.

Откако беше испратено соопштение од Обвинителството дека се отвора истрага за висок владин фунцкионер, самиот Зеќири се огласи преку Фејсбук дека нема да бега.

„Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста и верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност“, напиша Зеќири.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни