Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
И во понеделник ќе се задржи значително постудено време со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Од вторник наместа ќе има утрински температури под нулата, а дневните ќе бидат во постепен пораст.