Свет

Уапсениот сојузник на Путин во Украина бара размена на затвореници

Уапсениот сојузник на Путин во Украина бара размена на затвореници

Украинскиот проруски политичар Виктор Медведчук, кој беше уапсен минатата недела, побара од рускиот и украинскиот претседател да го искористат во размена со украинските бранители и жителите на опколениот јужен град Мариупол.

Тој упати таков апел во краткото видео обраќање објавено од државната безбедносна служба на Украина СБУ.

Сепак, не е јасно дали Медведчук зборувал под принуда.

Медведчук (67) се смета за најблизок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин во Украина.

Објавувајќи го неговото апсење, СБУ соопшти дека го спречила обидот на Москва да го извлече од земјата.

Тој беше во домашен притвор во главниот град Киев – но побегна набргу откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари.

Медведчук, чија ќерка го има Путин за кум, во Украина е осомничен за предавство. Тој негира дека сторил нешто лошо.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни