Балкан

Зошто Хрватска ја избра токму бугарската БСЖ вакцина и што тврдат стручњаците за нејзината безбедност?

Зошто Хрватска ја избра токму бугарската БСЖ вакцина и што тврдат стручњаците за нејзината безбедност?

Бугарската БЦГ (BCG) вакцина против туберкулоза неодамна е повлечена од употреба во Хрватска откако беа забележани сериозни несакани ефекти во поголем број од очекуваното. Годинава се пријавени четири сомнежи за остеитис (воспаление на коските) карактеристичен како реакција на вакцината, од кои три се веќе потврдени од главниот епидемиолог на Хрватскиот завод за јавно здравје (ХЗЈЗ), Бернард Каиќ. За споредба, во претходните десет години не бил забележан ниту еден таков случај.

Овој инцидент предизвика низа реакции во јавноста и на социјалните мрежи со прашања: зошто е избрана токму бугарската вакцина, дали имало подобри алтернативи од пореномирани производители и кој е одговорен за ситуацијата?

Бугарската вакцина е меѓу најмалку реактогените во светот

Епидемиологот Каиќ појаснува дека бугарската вакцина се произведува и користи веќе 50 години, а во Хрватска се применува од 2019 година.

„Кога оваа вакцина не беше достапна, се набавуваше полска или данска. Бугарската вакцина спаѓа во групата на оние од кои се очекува најмала зачестеност на сериозни несакани ефекти и треба да предизвикува помалку гнојни оотоци и воспаленија на коските во споредба со останатите, како на пример данската. Затоа, земјата на производство сама по себе не е показател за помaлку сигурен избор“, истакнува Каиќ.

Вакцината не е официјално регистрирана во Хрватска бидејќи производителите немаат поднесено барање, што е честа пракса за специфични вакцини, па затоа е набавена преку интервентен увоз со одобрение од хрватската агенција за лекови (ХАЛМЕД). Од ХАЛМЕД потврдуваат дека вакцината е одобрена во Бугарија, ги исполнува сите ЕУ стандарди, а нејзината примена е прекината превентивно додека трае истрагата.

Истрагата треба да открие дали е грешка во производството или во дозирањето

Бугарскиот производител „Бул Био“ изрази сомнеж дека вакцината можеби била погрешно аплицирана во поголема доза. Сепак, ХЗЈЗ го оспорува ова бидејќи заболените деца биле вакцинирани во текот на 2024 и почетокот на 2025 година во различни здравствени установи, што ја намалува веројатноста за човечка грешка при апликацијата.

Истрагата допрва треба да утврди дали имало промени во процесот на производство, квалитетот на сојот или станува збор за случајно групирање на ретки настани. До завршувањето на проверките, родителите се советуваат да не паничат и да не прават превентивни снимања доколку детето нема симптоми. Доколку се забележи долготраен оток, болка во коските или зглобовите и отежнато движење на екстремитетите, треба веднаш да се контактира матичниот педијатар.

Со оглед на тоа што Хрватска има многу низок ризик од туберкулоза кај децата, експертите најавуваат преиспитување на програмата за задолжителна вакцинација, додека привремено е сопрено вакцинирањето на новороденчињата во родилиштата бидејќи во моментот нема достапна алтернативна вакцина.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни