Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес конференција истакна дека патот кон Европската Унија мора да продолжи.
„Мора да продолжиме затоа што нема алтернатива од ова, ќе ни се врати ова прашање. Ќе ни се врати како што се враќаше прашањето за името 15 години после тоа. Не можеме да ги повториме истите работи и да изгубиме уште 10 години. Да прекинеме договори и после 10 години уште потешки околности бидејќи после јуни, Албанија зборевме ќе ги почне преговорите. Ние ќе бидеме во уште понезавидна ситуација затоа што сега имаме аргумент дека целиот регион е под заложништво. Притисокот е поголем, тогаш ќе бидеме ние самите. Тогаш пак ќе треба да седнеме“, вели Османи.
На новинарско прашање дали може во месец јуни и Македонија да ги започне преговорите со ЕУ, Османи вели дека тој работи како да може.
„Јас работам како секој ден да може. Тоа ми е целта, знам дека ќе згрешиме доколку сега емоциите не совладуваат. Емоциите ќе не отрезнат ако сега правиме политика со емоции. Сега мора да размислуваме стратешки. Ние мораме да го продолжиме кон Европскиот пат, затоа што заслужуваме и немаме алтернатива притоа јасно кажувајќи што може и што не може. Не е лесно, да беше лесно оддамна ќе беше завршено “, додава Османи.