Свет

Шарл Мишел во Бородјанка

Шарл Мишел во Бородјанка
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој денеска пристигна во ненајавена посета на Украина, ја посети и Бородјанка. – Во Бородјанка. Како во Буча и премногу други градови во Украина. Историјата нема да ги заборави воените злосторства што беа извршени овде. Не може да има мир без правда, напиша Мишел на Твитер. Тој утрово на социјалната мрежа напиша дека пристигнал во Киев, „во срцето на слободна и демократска Европа“. Претходно овој месец и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, исто така, го посети украинскиот главен град.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни