Продажбата на јагниња на Сточниот пазар во Битола оди слабо. Тие се продаваат од 200 до 250 денари за килограм жива мера, пишува Сител.
Сточарите се жалат дека е слаба потрошувачката, а додаваат и дека има 100% поскапување на концентратот и храната.
„Не сме задоволни, ниска е цената. Зобта, концентратот, лицерката се е поскапено 100%. Многу е слаба потрошувачката. Помош нема никаква, субвенциите не се дадени, не се исплаќа. Јас имав 120 глави овци, сега имам уште 30, сега ќе ги продадам, не се исплаќа“, велат продавачите.
Во месарниците пак, цената на килограм јагнешко месо достигна и до 460 денари, за што граѓаните велат дека не можат да си го дозволат.
Инаку, во текот на минатата година, ова месо се продаваше за околу 340 денари.