Македонија

Ковачевски за културниот клуб: Воопшто не може да придонесе како личност која што е мост за иднината на пријателство меѓу двата народи

Ковачевски за културниот клуб: Воопшто не може да придонесе како личност која што е мост за иднината на пријателство меѓу двата народи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, по новинарско прашање за тоа кој е виновен за отворањето на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“, истакна дека ние со соседите треба да градиме мостови на пријателство и да гледаме кон иднината.

„Доколку се навраќаме на личности од минатото, за кои што има различно мислење, тоа нема да биде на корист на никого и тоа ќе влијае за лош однос меѓу граѓаните и помеѓу двете држави“, вели Ковачевски.

Тој додава дека ние сме држава која е определена за членство во Европската Унија и која низ дијалог тоа планира да го направи.

„Сите земји членки треба да ја одобрат преговарачката рамка за Северна Македонија што е можно побрзо“, вели Ковачевски.

Во однос на настанот во Битола, тој вели дека тој претставувал провокација бидејќи ги буди духовите од минатото и бидејќи се работи за личност која што била соработник на Хитлеровата Германија, и на Мусолини во Италија.

„И со тоа воопшто не може да придонесе како личност која што е мост за иднината на пријателство меѓу двата народи и како мост за европскиот пат на државата“, вели Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни