Македонија

Проф. Милевски: Силен беше, брановиден, релативно долготраен и добро почувствуван во западниот дел на Македонија

Професорот Ивица Милевски со први коментари во однос на земјотресот кој доцна вечерва вознемири голем дел од граѓаните на Југо-западен Балкан.

„Силен беше, брановиден, релативно долготраен и добро почувствуван во западниот дел на Македонија, особено на повисоко. Според податоците, 5,6М, 10 км длабочина, епицентар во Херцеговина, близу границата со Црна Гора. На работ на Јадранската тектонска плоча, заради што добро е почувствуван од јужна Словенија, Хрватска, БиХ, особено Црна Гора, Албанија, Македонија, па до Грција…речиси цел ЈЗ Балкан. Според првичните податоци, освен значителна паника и помала материјална штета во близина на епицентарот, нема посериозни последици“, напиша Милевски на Фејсбук.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни