Балкан

Андроид корисниците добија предупредување пред земјотресот

Андроид корисниците добија предупредување пред земјотресот

Корисниците на Android од Црна Гора и Босна и Херцеговина вечерва добија предупредување преку системот за заштита неколку секунди пред земјотресот.

До редакцијата на 4NEWS.mk беше испратен и скрин-шот токму од нотификацијата.

Ова е првпат корисниците на овој оперативен систем да бидат информирани за потенцијалните опасности на овој начин. Соопштението дојде секунди пред земјотресот и изненади многу корисници.

Освен што биле информирани дека се наоѓаат во потенцијално опасно подрачје, добиле и упатство како да се однесуваат за време на земјотресот.

Меѓу другото, им било кажано да излезат од куќите, да исклучат гас, да излезат пред и да ги избегнуваат оштетените згради.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни