Балкан

Во бомбардирањето на РТС пред 23 години загинаа 16 вработени

Во бомбардирањето на РТС пред 23 години загинаа 16 вработени

Во бомбардирањето на НАТО на зградата на Радио телевизија на Србија (РТС) во Белград, на денешен ден пред 23 години загинаа 16 вработени во Јавниот сервис, што беше прв случај медиумската куќа да биде прогласена за легитимна воена цел. .

Во нападот ноќта меѓу 22 и 23 април во 2.06 часот загинаа Јелица Мунитлак (27), Ксенија Банковиќ (27), Дарко Стоименовски (25), Небојша Стојановиќ (26), Драгорад Драгојевиќ (27), Драган Тасиќ (29). Александар Делетиќ (30), Славиша Стевановиќ (32), Синиша Медиќ (32), Иван Стукало (33), Дејан Марковиќ (39), Милан Јоксимовиќ (47), Бранислав Јовановиќ (50), Милован Јанковиќ (59), Томислав Митровиќ (61) и Слободан Јонтиќ (54).

Во 2000 година, меѓународната организација за човекови права, Хјуман рајтс воч, објави дека нема оправдување за бомбардирањето на телевизијата.

Лидерите на НАТО тврдеа дека нападот е оправдан, а специјалната комисија на Хашкиот трибунал, која го истражуваше и случајот со бомбардирањето на РТС, не му предложи на обвинителството да покрене кривична постапка.

Поранешниот директор на РТС Драгољуб Милановиќ во 2002 година беше осуден на 10 години затвор поради непочитување на наредбата на тогашната федерална влада за преместување на вработените и опремата од објектите на улиците Абердаре и Хиландарска.

Во спомен на жртвите, во белградскиот парк Тасмајдан, во близина на зградата на РТС, беше подигнат споменик „Зошто?

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни