Македонија

Паѓа стиропорот од фасадата на Владата – Богоев: Криминалот на режимот на ДПМНЕ ден денес го плаќаме…

Паѓа стиропорот од фасадата на Владата – Богоев: Криминалот на режимот на ДПМНЕ ден денес го плаќаме…
Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои може да се забележи дека започнал да паѓа стиропорот од фасадата на Владата. Од СДСМ пак преку соопштение ја обвинија опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека „за 11 години на власт, со парите на граѓаните направила бројни катастрофални и апсурдни криминални проекти кои сведочат за нивното криминално владеење“. Според нив, такво сведоштво е барокно-стиропорната фасада на Владата, која денеска се сруши, претставувајќи потенцијален ризик. „Под налет на ветар, веќе падна и дел од фасата на МЕПСО. Со опасните фасади на ВМРО-ДПМНЕ, завршија стотици илјади евра на граѓаните во џепови на врхушката на оваа партија“, велат од СДСМ.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни