Македонија

Толку од стиропорот – се урива дел од фасадата на Владата

Толку од стиропорот – се урива дел од фасадата на Владата

Почна да се урива дел од фасадата на зградата на Владата. Се чини дека толку моежеше да издржи стиропорот.

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев денеска на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои се гледа дел се урнал дел од фасадата на владината зграда.

-Криминалот на режимот на ДПМНЕ ден денес го плаќаме…, напиша Богоев во објавата со фотографиите.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе има донесено Наредба за спроведување на истражна постапка за фасадата на зградата на Владата. Во истрагата се опфатени четири лица кои ја злоупотребиле својата положба и овластување при реализација на договорот за изведување на градежни работи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни