Рускиот претседател Владимир Путин официјално му честитал на својот француски колега Емануел Макрон за победата на претседателските избори во Франција, јавуваат светските медиуми.
Искрено ви посакувам успех во јавните работи, како и добро здравје“, стои во официјалната белешка од Путин до Макрон.
Емануел Макрон остана еден од ретките западни политичари подготвени за дијалог со рускиот претседател од почетокот на војната во Украина. Досега Макрон имал вкупно девет разговори со Путин.
Во вториот круг од изборите во Франција, Макрон ја победи својата крајнодесничарска ривалка Марин Ле Пен со 58,55 отсто од гласовите.