Три лица се лишени од слобода во одвоени полициски постапки во Гостивар и Тетово, откако кај нив и во дом на едно од лицата биле пронајдени марихуана и кокаин.
Од МВР информираат дека на 6 октомври, во 18:00, 22:15 и 23:20 часот, полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“ при ОВР Гостивар и СВР Тетово ги лишиле од слобода Р.Ј. (47) и С.Н. (29), двајцата од Гостивар, како и Г.О. (44) од Тетово.
При претрес во домот на Р.Ј., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пакувања со марихуана.
При извршен преглед кај С.Н. била пронајдена и одземена марихуана, додека кај Г.О. бил пронајден и одземен кокаин.
По целосното документирање на случаите, против трите лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.