Свет

Петмина загинати во рускиот напад, вели украински функционер

Петмина загинати во рускиот напад, вели украински функционер

Најмалку пет лица загинаа откако руски ракети погодија два града во централната украинска област Виница, соопшти регионалното обвинителство.

Други 18 се ранети во нападите врз транспортната инфраструктура во Жмеринка и Козјатин, соопштија официјални лица.

„Непријателот се обидува да ја погоди критичната инфраструктура“, рече регионалниот гувернер, цитиран од новинската агенција Ројтерс во видеото објавено на Телеграм.

Како што објавивме, украинските власти соопштија дека пет железнички станици биле нападнати во централна и западна Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни