Автомобил остана смачкан, а сообраќајот беше во прекин, по тешка сообраќајка кај Цементара утрово околу 10 часот.
Како што информираат од СВР Скопје, станува збор за сообраќајна незгода помеѓу две товарни и едно патничко возило на булеварот „Трета македонска бригада“.
Во незгодата повредени се две лица, возачот и совозачот од автомобилот. Едниот од нив е пренесен во Градска, додека другиот со Брза помош е пренесен во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Во тек е полицискиот увид по што ќе се знаат повеќе детали.
Извор: Република