Македонија

Сојузот на средношколци разочарани: Вчера се израдувавме, денеска повторно штрајк – Ние сакаме да учиме!

Сојузот на средношколци разочарани: Вчера се израдувавме, денеска повторно штрајк – Ние сакаме да учиме!

Претседателот на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ во Дневникот на ТВ Сител го изрази своето разочарување од продолжувањето на штрајкот во образованието, пренесува Фокус.

„Вчера кога дознавме дека е постигнато некакво решение, го поздравивме дека еве возрасните го слушнаа зборот на средношколците и децата и постигнаа компромис. Сакаме да учиме. Две години по ред Сојузот на средношколци бара подобар образовен систем и настава. Сега повторно има штрајк, каде веќе се изгубија 10 важни работни дена и гледаме дека со првомајските празници ќе се изгуби и оваа работна недела“, изјави тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни