Македонија

Алијанса за Албанците: На 27-ми април урнавме половина од режимот, и ветивме дека ќе продолжиме и на другата половина – Ахмети и ДУИ

Алијанса за Албанците: На 27-ми април урнавме половина од режимот, и ветивме дека ќе продолжиме и на другата половина – Ахмети и ДУИ

Наим Бајрами од Алијанса за Албанците денеска на прес конференција пред Собранието порачаа дека на 27-ми април бил урнат дел од режимот.

„Денеска се навршуваат пет години од денот на битката против режимот која претставуваше демократура на дело, со цел да ја вратиме Северна Македонија кон институцијалната нормализација и на патот кон поразвиена демократија. Битката во која се пролеа крв, беа загрозени животи и беше нападнат храмот на домократијата, но денеска после пет години – оваа битка беше изневерена и продадена од страна на еден нов режим кој ги доби димензиите на претходниот режим“, вели Бајрами.

Бајрами додава дека на 27-ми април бил урнат дел од режим.

„Никола Груевски и неговата компањола и ветивме дека ќе продолжиме и на другата половина – партнерот на Никола Груевски господинот Али Ахмети и Демократската Унија за интеграција“, вели Бајрами.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни