Живот

Денеска е Св. апостол Аристарх

На своето второ патување апостол Павле за првпат дошол во Солун. Таму останал три недели, проповедувајќи го Христос во еврејската синагога. Меѓу слушателите, што поверувале во Павловите зборови бил и подоцнежниот постојан сопатник на Павле и апостол – Аристарх. Овој Солунец е спомнат заедно до Павле на неколку места во Новиот завет: во Ефес и Рим. Подоцна тој бил епископ во сирискиот град Апамеја, а пострадал маченички, т.е. бил обезглавен за време на владеењето на императорот Нерон (54-68).

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни