Македонија

Ковачевски разочаран што соседна Бугарија одлучила да именува центар со името на Ванчо Михајлов

Ковачевски разочаран што соседна Бугарија одлучила да именува центар со името на Ванчо Михајлов
Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Собранието, по пратеничко прашање од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, истакна дека е разочаран што соседна Бугарија одлучи да именува центар со името на Ванчо Михајлов. „Конкретно, ние две држави, како два народи сме различни со различен културен, јазичен и национален идентитет. Така било, така ќе биде бидејќи македонскиот народ има вековита засебна традиција, историја и посебен идентитет. Но, во исто време не сум задоволен, не се согласувам и сум многу разочаран што соседна Бугарија одлучи да именува центар со името на Ванчо Михајлов. За мене, а знам и за огромно мнозинство граѓани, лицето Ванчо Михајлов е поврзано директно со нацистички и фашистички режим, тоа е крајно негативен лик кој направил огромна штета на македонскиот народ. Човек кој учествувал во ликвидација и ништење на македонски револуционери, бил соучесник во режимот кој ги депортираше сите македонски Евреи во логорите на смртта и тоа е огромно, ужасно не простливо злосторство“, вели Ковачевски. Ковачевски откри дека се планира Македонија да отвори Културен центар во Благоевград во текот на оваа година.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни