Музика и Филм

Нетфликс го откажа филмот на Меган Маркл

Нетфликс го откажа анимираниот филм на Меган Маркл „Бисер“. Ова е нов удар за Меган и нејзината продукциска куќа „Archewell“ која е основана во 2020 година со соппругот, принцот Хари.

Творецот на анимираниот филм „Бисер“ кој требало да ја прикаже фантазијата и историјата низ авантура на 12 годишно девојче во секојдевните животни предизвици, е самата Меган.

Се чини дека Меган не успеала да го заврши својот проект скоро две години, а Нетфликс поради тоа бил принуден да го откаже.

Во последните денови компанијата го направи истото и со низа други анимирани проекти кои ќе ги испочитувале роковите и кои се уште се во рана фаза.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни