Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес конференција, во однос на непродавањето карти за летот Софија – Скопје од авиокомпанијата Гуливер, посочи дека они кога разговарале за тоа прашање имало две опции, односно да се види дали има интерес за комерцијална линија или истата да биде субвенционирана, при што одговорноста ја презела Бугарија.
„Првата фаза беше обид да се види рентабилноста комерцијална, јас мислам дека ова запирање е процес на преговори, според моите информации преговори меѓу авиокомпанијата и Владата на Бугарија за тоа дали ќе има поддршка или не. Меѓутоа тоа беше нивна иницијатива, а ако се продолжи би било добро во било која форма“, посочи Османи.