Свет

Киев: Руските ракетни напади насочени кон уништување на транспортната инфраструктура

Киев: Руските ракетни напади насочени кон уништување на транспортната инфраструктура

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили извршиле ракетни напади врз цели во многу региони на Украина, со цел уништување на транспортната инфраструктура.

Се наведува дека руските сили извршиле повеќе ракетни напади врз цели во областите Дњепропетровск, Кировохрад, Лавов, Виница, Киев, Закарпатија, Одеса и Доњецк.

Украинскиот Генералштаб додава дека руските сили продолжуваат со воздушните напади врз фабриката за челик Азовстал во Мариупол

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни