Македонија

Субхи Јакупи избран за нов претседател на Управниот суд

Субхи Јакупи избран за нов претседател на Управниот суд

Судиското искуство и познавањето на управното право беа меѓу клучните аргументи при изборот на новиот претседател на Управниот суд. Судскиот совет денеска му ја довери функцијата на Субхи Јакупи, досегашен судија во Вишиот управен суд.

Одлуката била донесена на денешната седница на Судскиот совет, по спроведена постапка и разгледување на извештајот со предлог-листа на кандидати за претседател на Управниот суд.

Во текот на расправата, повеќе членови на Советот ги посочиле професионалното искуство на Јакупи, неговите раководни способности и програмата што ја презентирал како причини поради кои го издвоиле меѓу кандидатите.

Особено било нагласено неговото досегашно работење во Вишиот управен суд, како и познавањето на функционирањето на управното судство.

Со изборот на Јакупи, Управниот суд добива нов претседател, кој ќе ја преземе одговорноста за раководење со институцијата и организирање на нејзиното работење.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни