Граничната полиција во Северна Македонија привела Бугарин кој се обидувал да влезе во државата, пишува бугарската БТВ.
Според нив, тој во моментов се наоѓа на граничниот премин Ѓуешево (од македонска страна Деве Баир).
„Шест часа, до 02:30 часот, бев задржан на граничниот пункт и не ми беше дозволен влез во Северна Македонија. Ми ја зедоа личната карта. Ми дадоа документ дека сум закана за националната безбедност на Северна Македонија и не ми дозволија да влезам“, изјави претседателот на Фондацијата Македонија, Виктор Стојанов.
Тој појаснува дека синоќа отпатувал за Скопје бидејќи денеска Фондацијата Македонија има настан на гробот на Гоце Делчев, односно се навршуваат 119 години од неговата смрт.
Според Стојанов, ова е тешка форма на провокација од Северна Македонија кон Бугарија. Тој додаде дека своите права ќе ги бара во Европскиот суд за човекови права и испрати сигнал до бугарското МНР.
„Од нив се земени брошурите за Гоце Делчев со протокол, на кој е неговиот лик со цитат „Што да правиме кога сме Бугари?“ Очигледно ова е закана за националната безбедност на Северна Македонија. Со ваквото однесување Северна Македонија ги затвора вратите за ЕУ и јасно покажува дека не е демократска и правна држава“, рече претседателот на Фондацијата Македонија.