Од ВМРО-ДПМНЕ испратија реакција по повод изјавата на пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска Ванчева.
Од партијата пишуваат дека СДСМ веќе шеста година се на власт и во целост го уништија правосудниот систем.
„Откако се дојдени на власт постојано говорат за некакви реформи во правосудството, а се што прават е само окупирање и партизирање на сите институции па така и на правосудните. Доколку сакаше СДСМ да направи вистински реформи во судството, немаше да ја држи во заложништво Комисијата за избори и именувања и ќе дозволеше да се изберат уставните судии кои се неопходни за работата на Уставниот суд, иако и нивната Кацарска апелираше да се изберат час поскоро. СДСМ со нивните игри во Собранието не дозволува одржување на оваа комисија бидејќи нивната цел е да се протнат партиски договорени уставни судии кои што дополнително ќе ја партизираат оваа институција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ се уште калкуира и со изборот на заменици на народниот правобранител кои што се неопходни за работата на оваа институција и истите се заглавени во меѓупартискиот пазар на партиите од власта.
„Сакам да додадам дека ВМРО-ДПМНЕ и колицијата како одговорна и конструктивна опозиција досега покажа, посебно за правосудните реформи кои се носат со двотретинско мнозинство, дека кога власта е спремна на разговори и дебата, секогаш сме наоѓале заеднички јазик и сме давале поддршка кога наши предлози биле прифатени. Во случајов со најавените правосудни реформи власта ниту не консултирала ниту течат некакви преговори за истите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.