Македонија

Претседателот Пендаровски упати порака по повод 7 мај – Денот на полицијата

Претседателот Пендаровски упати порака по повод 7 мај – Денот на полицијата

По повод 7 мај – Денот на полицијата, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:

„Довербата на граѓаните во државата, претставува доверба во нејзините институции. Безбедноста и сигурноста претставуваат врвен приоритет на секоја држава и секој поединец.

Дозволете на сите припадници на полицијата и на сите вработени во МВР да им посакам и понатаму посветено, професионално и истрајно да ја извршуваат својата задача и да ги штитат интересите на сите наши граѓани.

Честит  7 мај – Денот на полицијата!“

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни