Македонија

Села: Легитимно право на секој политички субјект е да избере како ќе дејствува во и надвор од Собранието

Села: Легитимно право на секој политички субјект е да избере како ќе дејствува во и надвор од Собранието

Легитимно право на секој политички субјект е да избере како ќе дејствува во и надвор од Собранието, рече денеска претседателот на Алијанса за Албанците (АА), Зијадин Села во врска со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за актуелна блокада на Парламентот.

Според Села, легитимни се сите начини на дејствување кои се демократски и политички.

„Не може да бидат легитимни уценувања на сигурноста и на животот на некој друг зашто е против. Но, легитимно е опизицијата да направи нешто во Собранието против корупцијата, да направи нешто за да спречи игри врз грбот на граѓаните и да имаат профит и бизниси политичките партии на кои тоа не им е дозволено. Ние имаме своја агенда, ја кажавме, но почитуваме агенди и на други политички партии. Почитуваме автономни дејствувања на секој политички субјект и истото го очекуваме од другите“, рече Села, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Собранието.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни