Македонија

Заев на Сараево бизнис форум 2022: Кризата бара сериозни промислувања и сериозни одговори

Заев на Сараево бизнис форум 2022: Кризата бара сериозни промислувања и сериозни одговори

Поранешниот премиер на РСМ, Зоран Заев беше учесник на Сараево бизнис форум 2022 година.

„Чест ми е што учествував на Сараево бизнис форум 2022, како говорник на првиот панел, но и како член на жирито кое ја направи селекцијата на годинешните добитници на награди за придонес кон подобрување на регионалната бизнис клима и за создавањето идеи кои носат економски развој.

Доселивме признанија за најдобар бизнис и најдобар нов бизнис, за општествена одговорност, за најдобра инвестиција, за најдобар БиХ бренд амбасадор и за најдобар бизнис потег на годината.

Во време на економска криза предизвикана од КОВИД-19 која веќе се спојува со последиците кои ги носи руската агресија врз Украина, ваквите бизнис форуми се особено важни. Кризата бара сериозни промислувања и сериозни одговори за да може да им се помогне на економиите, а со тоа на граѓаните“, напиша Заев на Фејсбук.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни