Балкан

Бугарски борбени авиони му помогнале на патнички авион по сигнал за бомба во авионот

Бугарски борбени авиони му помогнале на патнички авион по сигнал за бомба во авионот

Во попладневните часови на 11 мај, дежурните борци во воздухопловната база Граф Игнатиево полетаа за да му помогнат на патнички авион кој пријавил експлозивна направа во авионот, јавува бугарската телевизија Нова.

Од Министерството за одбрана велат дека бугарските пилоти ја презеле контролата врз цивилното летало од нивните романски колеги, за потоа да го придружуваат над Бугарија и да им го предадат на турските борбени авиони.

„Бугарските екипажи ги извршија сите процедури во согласност со барањата на националното и меѓународното законодавство за контрола на воздухопловството и заштита на воздушниот простор“, соопшти Министерството за одбрана.

Патничкиот авион со придружба подоцна успешно слетал во Истанбул, без последици за патниците и екипажот.

За случајот се огласи и министерот за одбрана Драгомир Заков.

„Ова е стандардна процедура во случај на потешкотии со цивилен лет. Загрижени сме што ваквите лажни сигнали стануваат се почести. Треба да се обидеме да разбереме зошто се случува вакво нешто. Очигледно ова се лажни сигнали, но мораме да реагираме“, рече тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни