Од 26-ти мај пратениците ќе се вратат во старо-новата сала „Македонија“.
Моментално Собранието заседаваше во куполата поради реконструкција на салата каде што е променет и системот за гласање.
На 26-ти ќе се одржат вторите по ред пратенички прашања од оваа Влада.
Во моменталната сала немаше услови за електронско гласање, ниту пак медиумите може да ја следат во живо работата на Собранието.